Македонија
8. December 2017 - 16:14

Два месеци трае агонијата на семејството Мирчески, кое исто толкав период трага по нивниот исчезнат член, 54-годишниот Владо Мирчески

 Два месеци трае агонијата на семејството Мирчески, кое исто толкав период трага по нивниот исчезнат член, 54-годишниот Владо Мирчески, кој по потекло е од прилеско, но веќе четири децении живее и работи во Скопје. Според неговите најблиски, Владо немал психички проблеми, во брак бил 30 години и има две веќе возрасни деца. Со семејството живеел во населбата Горно Лисиче, а работел како ноќен чувар во извесно Стовариште во Скопје. Последен пат бил виден на 10 октомври, околу 7.30 ч.во *Рамстор* од кога му се губи секаква трага, а оттогаш е недостапен и на мобилниот телефон. Случајот веднаш бил пријавен и во Полиција, но, засега потрагата не дала никави резултати, вели неговата очајна сестра која живее во Кривогаштани. Таа се плаши дека нејзиниот брат го има снајдено најлошото, бидејки сите места за кои што сметале дека можат да бидат негово евентуално засолниште, ги пребарале.

  Неофицијално, Владо немал баш најидеални семејни односи. Тој, од дома заминал без никави лични документи и без пари, оставајќи ја нечепната дури и последна плата. Затоа, неговите сестри, стравуваат од најлошото, но, истовремено и се надеваат дека можеби Владо, сепак некаде е само засолнет  и чека да биде пронајден. Во својот очај, неговите најблиски молат за поголема ажурност на Полицијата, чиј службеник е и сопругата на Владо, а добредојдена би им била и сечија друга информација, вели сестрата на Владо, Весна Житошанска.