Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства

Поранешниот претседател на Филипините, Родриго Дутерте, денеска се појави пред судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг преку видеоврска, неколку дена по неговата екстрадиција во Холандија под обвинение за убиства во „војната против дрогата“ за време на неговиот мандат.
Според проценките, во неговиот мандат убиени се меѓу 6.000 луѓе, според филипинската полиција, и до 30.000, според организациите за човекови права.
Не беше објаснето зошто Дутерте не се појави лично на првото рочиште.
Тој беше уапсен во Манила во вторникот, по враќањето од Хонгконг, и веднаш испорачан на Судот.
Тужителите го обвинуваат дека како градоначалник на Давао (2011-2016) и како претседател на Филипините (2016-2019) наредувал убиства преку т.н. „Даваоски одреди на смртта“.
Според обвинението, Дутерте регрутирал, плаќал и наградувал убијци, им обезбедувал оружје и ветувал заштита од гонење.
МКС соопшти дека случајот е поткрепен со сведоштва, официјални документи, видеоматеријали и говори на самиот Дутерте.
Групите за човекови права и семејствата на жртвите го поздравија неговото апсење како историска победа против неказнивоста, додека неговите приврзаници го нарекоа политички прогон.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
