-->
-->
Душко пукаше во сопругата Тамара, а потоа во себе- сега двајцата се надвор од животна опасност
-->
Душко Родиќ (37) кој на Нов Белград вчера пукаше во сопругата Тамара, а потоа во себе, е во стабилна здравствена состојба. И Тамара е симната од апарати и дише самостојно.
-Душко е опериран и е надвор од животна опасност. Не знаеме дали е свесен. Единствено знаеме дека состојбата му е стабилна, дека не е животно загрозен и дека денеска ќе биде префрлен на друго одделение, рекла тетката на Душко, Снежена Рељич.
Таа не сакала да зборува за односот на Душко и Тамара, како и причината која довела до пукање.
Тамара вчера веднаш по прием во болницата е оперирана. Трите истрели ја погодиле во стомак и нога.
-Нејзината состојба е стабилна. Надвор од животна опсност е и сместена е на интензивна нега, рекла роднината на Тамара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
