-->
-->
Дурент: Не е лесно да си најдобар во силен тим
-->
ошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевин Дурент,бил горд што е избран за најдобар играч во тимот, во кој сите играчи се одлични. Дурент беше прогласен за МВП на финалната серија, во која Вориорс со 4-0 ги поразија Кливленд Кавалирс.
Откако го доби признанието, Дурент се соочи со прашањата дали МВП наградата ја заслужил неговиот соиграч Стеф Кари, а многумина сметаат дека ова признание требало да ју припадне на лидерот на поразениот тим, Леброн Џејмс.
„Мислам дека е лесно да бидеш најдобар кога околу себе немаш добри соиграчи. Многу е потешко да се истакнеш кога во тимот имаш одлично соиграчи. Горд сум што се издвоив, горд сум што напорно работам каде и да одам. Моите соиграчи ми даваат поттик да бидам уште подобар и чувствувам дека сум вистински воин“, рекол Дурент.
Еден од најдобрите крилни кошаркари во историјата на лигата, финалната серија ја заврши со просечни 28,8 поени, 10,8 скока и 7,5 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули