-->
-->
Дурант го преводеше Голден Стејт во победата против Оклахома
-->

Сан Франциско, 19 јануари 2016 (МИА) – Кевин Дурант ја предводеше екипата на Голден Стејт во победата против својот поранешен тим Оклахома во синоќешното дерби од натпреварите одиграни во НБА лигата.
„Воините“ пред својата публика славеа убедлива спобеда со 121:100, а Дурент средбата ја заврши со 40 постигнати поени, најмногу сезонава. Стеф Кари придодаде 24, додека Клеј Томпсон 14 поени за победничката екипа.
На тимот на Оклахома не и помогна ниту 21-от трипл-дабл на Рсел Вестбрук, кој оствари учинок од 27 поени, 15 скока и 13 асистенции.
На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати овие резултати:
Шарлот - Портланд 107:85,
Филаделфија - Торонто 94:89,
Вашингтон - Мемфис 104:101,
Бостон - Њујорк 106:117,
Детроит - Атланта 118:95,
Хјустон - Милвоки 111:92,
Њу Орлеанс - Орландо 118:98 и
Сакраменто - Индијана 100:106.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
