-->
-->
Дупјачанец и Велковски „под мраз“
-->

Двајцата дебитанти во македонската ракометна репрезентација Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски поради недисциплина добија суспензија од тренерот Данило Бресотвац, кој во отсуство на селекторот Ивица Обрван на почетокот од подготовките ги води тренинзите на репрезентацијата пред Европското првенство во Полска.
Двајцата ракометари не се појавиле на заедничкиот појадок, а потоа со задоцнување се појавиле на утринскиот тренинг. Откако се појавиле во салата немало извинување од нивна страна за доцнењето, па Брестовац побарал да ја напуштат салата и подготовките на репрезентацијата.
Селекторот Обрван (отсутен е од лични причини) на подготовкте треба да се приклучи на 27.декември, кога најверојатно ќе се знае што понатаму со Дупјачанец и Велковски.
Репрезентацијата во комплетен состав треба да тренира од 29.декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
