Дуковски: Здравствената состојба на Јовановски е далеку од добра, по секоја цена се носи на судење
Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 е далеку од добра и тој по секоја цена се носи на судење. Ова е изживување. За шест месеци е носен 55 пати во болница, изјави неговиот бранител, адвокатот Сашо Дуковски по денешното рочиште за случајот „Рекет“.
Прашан каква е здравствената состојба на Боки 13, адвокатот Дуковски порача дека е далеку од добра и дека тој со сила се носи на судски рочишта.
– Сами може да заклучите каква е здравствената состојба на едно лице кога 55 пати е носен на здравствени интервенции. Тие не се ништо друго, туку едно алиби дека нешто се прави. Ништо не се прави, туку се обидува да се одржи некоја далеку од нормална состојба за да тој по секоја цена се носи на судење, изјави Дуковски.
Нагласи дека пред неколку дена примероци од здебелени чирови во неговиот желудник се пратени на Хистологија да се утврди дали станува збор за можен карцином.
– Имаме известие од субспецијалист дека треба да се спроведе хигиено-диететски режим. Не знам кој лекар во Македонија веќе треба тоа да го напише. Не може сите лекари да грешат, сите лекари се сложни дека истиот треба да се биде на строг хигиено-диететски режим. Како може тоа да се спроведе во затвор, изјави Дуковски.
Посочи дека станува збор за класична дискриминација, каде од тројца обвинети, само обвинетиот се наоѓа во притвор.
– Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, јавно кажувам дека многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Ова е иживување. Дали како новинари сте имале некој што за шест месеци е носен 55 пати во болница и притоа еден месец да биде хоспитализиран, изјави Дуковски.
Ново на Сител
-
Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ
-
Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа
-
Кремљ: Подобрувањето на руско-американските односи ќе потрае
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште