Дуке Бојаџиев со „Сон, верба, љубов“ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ вечер во Античкиот театар ќе настапи македонскиот композитор и музички продуцент Дуке Бојаџиев со последниот проект „Сон, верба, љубов“, додека во цркавата „Света Софија“ е концертот на младата виолинистка Софија Никовска и пијанистот Филип Маџунков кои ќе свират во придружба на Камерниот оркестар од Софија.
Проектот „Сон, верба и љубов“ ја инконпорира музиката на Бојаџиев за филмовите „До балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, музиката од неговиот последен албум „Љубовта е патот“, но има и композиции кои премиерно ќе бидат изведени на „Охридско лето“.
Бојаџиев вторпат настапува на „Охридско лето“, по неговото прво претставување во 2011-та. Годинава гости му се Мартин Николовски – Шпато на контрабас, перкусионистот Костас Анастасијадис од Грција, кларинетистот Исмаил Лумановски, кој е редовен гостин на сите негови проекти, Тања Царовска - вокал и стринг-квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори младата охриѓанка Мартина Блажевска, која студира на Беркли Универзитетот во САД.
Дела од Вивалди, Моцарт, Бах, Хендл, како и од македонски композитори ќе бидат на програмата на концертот во „Св. Софија“ под диригентство на Бедрос папазјан од Бугарија.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
