Дуке Бојаџиев настапи пред децата во Детска клиника во Скопје
Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев денеска свиреше за дечињата згрижени во Клиниката за детски болести во Скопје.
Идејата за настапот на Бојаџиев се родила на средба со семејството на претседателот Иванов во Охрид, следејќи ги позитивните светски искуства на примена на музикотерапија во конвенционалната медицина.
- Чест и задоволство на Клиниката за детски болести е да го имаме Дуке Бојаџиев, кој благодарение на првата дама, ни е гостин, да направи концерт, особено за дечињата кои немаат прилика него да го гледаат во живо. Да се надеваме дека голем дел од нив кога ќе излезат ќе имаат прилика. Клиниката денеска е негова бина, кадешто дел од нив, преку песната, може да почувствуваат една убава енергија и болницата да ја претвориме во место кадешто болестите ќе се лечат заедно со музиката, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
Изразувајќи благодарност до Бојаџиев и до првата дама Маја Иванова, Софијанова најави и за во иднина вакви концерти со една цел – музичката терапија да биде единствената терапија со која ќе се лекуваат децата.
Дуке Бојаџиев настапи заедно со Тања Царовска - вокал и Владимир Крстев - виолина, состав со кој настапуваше годинава во Рим, во рамки на одбележувањето на Свети Кирил, а кои беа дел од неговиот тим на концертите одржани летово.
Ново на Сител
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители