ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието
ВМРО и СДСМ веќе се обединија против барањето на Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изборот на претседателот да биде во Собранието, како главна точка на Платформата што лидерот Али Ахмети ја истакна во промоцијата на д-р Бујар Османи за претседател на државата.
Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ги потсетуваат двете гореспоменатите партии дека, како што оствари првиот премиер Албанец, така ќе биде и првиот претседател Албанец.
Јавноста знае дека на почетокот ВМРО, СДСМ и нивните поддржувачи беа ПРОТИВ „премиерот Албанец“ но денес - Талат Џафери ја предводи Владата, а министри од ВМРО и СДСМ се дел од неговиот кабинет.
Широката мултиетничка коалиција Европски фронт докажа дека политиките на ДУИ биле и се за целосна рамноправност на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, а главната цел останува најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Ова ќе биде запечатено на 24 април со претседателот што доаѓа, д-р Бујар Османи, и на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе биде клучот што ги отвора вратите на Владата во следниот мандат.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-
Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати
-
Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО