Македонија
26. December 2019 - 18:25

ДУИ: Резолуција за квалитетен живот

Делегатите од четвртиот изборен Конгрес на Демократската Унија за Интеграција констатираат дека по реализацијата на заложбите за слобода, правда и рамноправност преку усвојувањето и спроведувањето на нормативните делови од Охридскиот Договор и достигнувањата во претходните децении, како и неповратното трасирање на определбите за интеграција и консензуалност, потребно е целосно фокусирање врз развојните политики и политиките за индивидуална и семејна благосостојба, осврнувајќи се на квалитетниот живот со цел да се третираат нееднаквоста , обезбедувајќи квалитетни животни стандарди за сите.

Оваа цел зависи од одреден број политички, социјални, економски и природни детерминанти, како што се: консензуалната внатрешна, регионална, европска и евроатлантска интегација, рамноправноста на граѓаните пред законите, правичното судење, транспарентноста и ветингот, квалитетното образование, чиста околина, физичко и ментално здравје, слободата и безбедноста, економската и финансиската стабилност на поединецот, достоинствени приходи од платите и и пензиите, човековите права како темел за квалитетен живот.

Овој конгрес ја реафирмира определбата дека фокусот на владеењето треба да биде врз политиките кои генерираат повеќе години за живот и повеќе квалитет на годините на животот, и ја изразува целосната волја и залагање за развивање на интегриран и добро координиран меѓусекторски пристап во функција на поквалитетен живот.

Следствено, делегатите на четвртиот Конгрес на Демократската Унија за Интеграција им порачуваат на партиските органи дека квалитетното образование е апсолутен приоритет и клучен фактор кој овозможува квалитетен живот, и изразуваат волја и поддршка за да се продолжи по патот на итно зголемување на квалитетот на инклузивното образование како социјална рамноправност, професионално образование како неопходност со цел совпаѓање кон постојниот пазар и образованието наменето за адаптирање со пазарните услови во иднина. Предучилишно образование за секое дете со цел тие да бидат рамноправни при продолжување на нивното школување.

Оттука, поделбата на политиката од образованието, создавањето на сеопфатна средина за учење, одделенија и училишта кои ги прифаќаат разликите и во кои учениците заедно следат настава, изградба на оддржлив систем за учење и професионална обука, нови модерни наставни програми, инвестирање во наука и иновација, како и задоволни наставници и професори со перманентно покачување на платите почнувајќи со покачувањето над 21% од јануари следната година се основите на пристапот на Демократската Унија за Интеграција.

Исто така, Делегатите на четвртиот изборен Конгрес на Демократската Унија за Интеграција се залагаат за градење на политики кои имаат за цел заокружување на општествената инфраструктура и приближување на животниот стандард со животниот стандард на земјите на Европската Унија, за да се овозможи живот со помалку оптоварување (стрес), што ќе влијае врз индивидуалното ментално и колективно то здравје, ќе овозможи подобри социјални услови за градење семејство и повеќе време за семејството и конечно ќе ги приближи квалитетот и животниот век на граѓаните со оние од западните земји.

Здравјето е генерално поврзано со емоционалната, општествената и психолошката благосостојба, затоа нашите политики ќе се фокусираат во подобрување на физичкото и менталното здравје на поединците, како и на општеството во целина преку промовирање на благосостојбата, квалитетот на животот, спречување на пореметувања од секаков вид, заштитата на човековите права и грижата кон луѓето и кон семејствата.

Здравјето на граѓаните и квалитетната здравствена услуга е неопходна, затоа и се залагаме за функционален здравствен систем во хармонија со мотивирани и обучени здравствени работници, со добро одржана инфраструктура и опремена со технологија ,како и кредибилни и модерни лекови, поддржани со соодветен буџет, силно здравствено планирање и политики на потврдена практика. Унапредување на системот за здравствено осигурување, надограден со компонентата на доброволно здравствено осигурување (покрај задолжителното осигурување) со цел проширување на лепезата на здравствени услуги и зголемување на нивниот квалитет.

Конгресот исто така ја потенцира предноста и целосната посветеност на заложби да се гарантира здрава животна средина за граѓаните и општеството генерално, бидејќи правото за чист воздух и чиста средина е човеково право.

Делегатите од четвртиот Конгрес на Демократската Унија за Интеграција , сметаат дека заштитата на животната средина и одржливото користење на истата претставува заедничка обврска за сите, централни и локални институции, граѓаните, невладините организации, како и стопанствениците, но истовремено, ги потикнуваат надлежните институции да го забрзаат проектот на гасификација, но и поттикнувањето на користење на соларна, хидро и природна енергија, како и приоритизација на пешачењето, возење велосипед, јавен транспорт и субвенционирање на електрични возила, но и строга контрола за горење на штетни елементи во јавни и во приватни простори, како и создавање на зелени површини во градовите со цел да се допринесе кон отстранување на загадувачите. Стремиме кон нула емисија на јаглерод.

Конгресот ја определува целта за градење на ефикасна администрација која е во целосна служба на граѓанинот преку зајакнување на стабилноста и предвидливоста на институциите кои треба да се доволно флексибилни за да се прилагодат кон општествените предизвици, да се отворени за граѓаните, да се подготвени да прифатат модерни методи на делување и да овозможат подобри услуги.

Во чекор со денешното време и подготвени за утрешниот ден, а исто така свесни дека информатичката технологија, владеењето и општествените норми влијаат врз квалитетот на животот, Делегатите од четвртиот Конгрес на ДУИ, сметаат дека проектирањето на Е-држава за Е-општество преку дигитализација на сите основни услуги е неопходност и потреба на денешницата.

Заокружување на културната и образовната инфраструктура ,како и заслуженото наградување се предуслови за развојот на уметноста и поттикнување на креативноста на уметниците, а институционалната поддршка утврдена на овој Конгрес нема да недостига.

Грижата за социјална еднаквост, грижата за социјално загрозените семејства, постојаната финансиска поддршка за трето дете и за социјалните случаи, зголемувањето и гарантирање на пензиите, квалитетната грижа во модерни градинки, заслужено опфаќање и доделување на социјалната помош се нашите програмски цели.

Локалната самоуправа, како обврска што произлегува од Охридскиот Договор, продолжува да биде наш приоритет кон создавање на економски посилни локални единици, со развојна и инклузивна ориентација на локалната самоуправа кон зајакнувањето и оспособувањето на општините со цел да обезбедат зголемување и сеопфатен, иновативен и одржлив локален развој на регионот во кој дејствуваат.

На линија со нашите определби, Конгресот го подвлекува значењето на еднаквите шанси и можности и се залага за зголемена правична и соодветна застапеност врз основа на родот и возраста како суштинско начело за постигнување на одржлив развој и реална социјална правда за сите.

Исто така, Конгресот се залага за надминување на асиметричната родова перцепција, која покрај дискриминацијата во шанси и можности, резултира и со физичко, вербално и психичко насилство, но и со злоупотребување. Родовите неправди во еднаквоста на приходите, како и во рамнотежата меѓу работата и животот се решаваат со политики кои овозможуваат баланс помеѓу работата и семејниот живот за да се надминат родовите неправди.

Со цел обезбедување на индивидуалниот и колективниот интегритет во време на неконтролирано и намерно поплавување со пропаганда, клевети и лажни вести, Конгресот ја реафирмира одлуката на Претседателството и на Генералниот Совет на Демократската Унија за Интеграција за ветинг, но и за транспарентност и целосно институционално истражување на сите функционери.

Оттаму, четвртиот изборен Конгрес на Демократската Унија за Интеграција ги инкорпорира предодредените варијабли од Обединетите Нации за поддржување на индивидуалната и на општествената благосостојба како што се: приходите, здрав животен век, социјална поддршка, слободата, довербата и широкоградоста, како и перцепцијата за корупцијата и квалитетот на институциите како патоказ за нашите програмски приоритети.