ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
Додека беа во опозиција, партиите од коалицијата Влен дадоа големо ветување: Првиот ден на власт, ќе ја повлечат Северна Македонија од Отворен Балкан!
Со тоа ветување ги измамија гласачите, го користеа како политичко оружје за да ја напаѓаат претходната влада, водеа жестока кампања, нарекувајќи ја оваа иницијатива штетна за земјата и антинационален проект според насоките на Албин Курти.
Но денес, на власт и без легитимитет, не само што не ја повлекоа земјата од Отворен Балкан, туку нивната влада сега го гледа како позитивен проект, а Скопје и Белград се претворија во стратешки партнери во регионот.
Денес нивниот главен партнер е Иван Стоиљковиќ, најекстремниот претставник на руските и српските интереси во Северна Македонија!
Некогаш го нарекуваа Отворен Балкан национално предавство, а денес нивните министри подготвуваат документи и спроведуваат политики во рамките на оваа иницијатива!
Како се нарекува ова?
Безскрупулозна хипокризија, срамна измама кон граѓаните или предавство на принципите и изборните ветувања?
Оваа власт го загуби секој кредибилитет! Оваа влада нема ниту принципи, ниту интегритет, ниту достоинство!
Нема зборови кои можат да ја оправдаат оваа измама кон гласачите, државата и националните интереси!
ДУИ најостро го осудува овој политички фалсификат и бара итни одговори: • Зошто ги излажавте граѓаните?
• Зошто земјата не се повлече од Отворен Балкан?
• Како Северна Македонија стана дел од „српскиот свет“, ставајќи го Стоиљковиќ на чело на Охридскиот договор?
Државата не може да биде водена од измамници, хипокрити и луѓе кои не си стојат на зборот!
Граѓаните заслужуваат одговори и одговорност!
ДУИ
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ