ДУИ го промовира реконструираниот регионален пат Гостивар-Србиново

Партиското ракoводство на ДУИ во присуство на претставниците на здруженија на иселеници и локални жители го промовираа асфалтирањето и реконструкцијата на регионален пат Гостивар-Србиново.
Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во придружба на потпретседателот, Невзат Бејта и претседателот на парламентот, Талат Џафери пратеничката Мирсада Емини и директорот „Македонија пат“ разговараа и локалните жители и печалбарите за нивните потреби.
– Патиштата и мостовите се од значење за заедницата бидејќи им го олеснува животот. Овие инвестиции се направени од даноци што ги плаќаат граѓаните и мора да се градат со висок квалитет. Тие треба да бидат потрајни и му реков и на директорот да го обезбеди патот од атмосферски влијанија и поплави. Нашите иселеници исто така се солидаризираат и ја поздравувам нивната посветеност кон татковината, рече лидерот на ДУИ на обраќањето до медиумите.
Потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта искажа задоволство од реализацијата на даденото ветување.
– Драго ми е што ова ветување дадено кога бев градоначалник е реалност денес. Овој проект беше реализиран благодарение на соработката помеѓу Јавното претпријатие „Македонија пат“, Асоцијацијата на дијаспората „Срмнова“ и некои приватни компании, изјави Бејта дополнувајќи дека ДУИ ќе го поддржува секој проект што е во корист на граѓаните, без разлика дали е од централната или локалната власт.
Директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемети кажа дека оваа делница е изградена со средства на претпријатието, но како што нагласи треба да се напомене дека иселениците придонеле за проширување на патот.
– Втората фаза од проектот нè чинеше 20 милиони денари и наскоро ќе ги довршиме преостанатите два километра до селото Србиново. Покрај асфалтирањето, ќе се работи на заштитни бариери на патот, хоризонтални ознаки и ќе вработи персонал за одржување.
Во реконструкцијата на овој регионален пат со околу 200 илајди евра учествуваше и локалната заедница преку дијаспората и месните заеднции на повеќе населени места при што е напревно и проширување.
Асфалтирањето на регионалниот пат Гостивар – Срмново се реазлизира во две фази. Во првата, беше извршено асфалтирање на патот од Големо Турчане до Лакавица, а во втората фаза и до селото Србиново. Најавите се дека за краток период и овој дел ќе биде завршен.
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
