ДУИ ги објави кандидатите за градоначалници за локалните избори
Демократската унија за интеграција, по состанок на Генералниот совет на партијата во Гостивар, ги официјализира седумнаесет кандидати за градоначалници и носителот на листата за Советот на град Скопје.
Портпаролот на партијата Бујар Османи изјави дека на состанокот на потесното партиско раководство со кој раководел лидерот Али Ахмети, едногласно е избрана листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.
– Едногласно, Централниот одбор на партијата ја прифати листата предложена од претседателот Ахмети којашто произлезе како резултат на бројни испитувања на јавното мислење и контакт со граѓантеи. Сигурен сум дека ќе излеземе со најдобрата програма на партијата за наредните избори. Состанокот помина во позитивна атмосфера, рече Османи.

Во одговорт на новинарско прашање каде очекуваат да победат во првиот круг, Османи нагласи дека ДУИ ќе извојува најубедлива победа досега.
– Нормално е на вакви прашања партиите да кажат ќе победиме уште во првиот круг. Меѓутоа, овој пат, навистина кажувам објективно и врз основа на сите параметри. Не мора да ги земеме само анкетите на ДУИ. И на другите партии направете проверка за анкетите на овие избори и ќе видите дека ДУИ ќе ја освои најголемата победа откога учествува на политичката сцена, рече Османи.
Кандидат на ДУИ во Студеничане ќе биде Ејуп Абази, во Чашка – Суат Шаќири, во Дебар -Хекуран Дука, во Липково – Еркан Арифи, во Врапчиште – Неби Реџепи, во Струга – Рамиз Мерко, во Желино – Фатмир Изаири, во Боговиње – Бесник Емшиу, во Теарце – Нухи Незири, во Пласница – Али Јаоски, во Брвеница – Аркин Јахии, во Сарај – Блерим Беџети, во Чаир – Висар Ганиу, во Кичево – Фатмир Дехари, во Гостивар – Невзат Бејта, во Тетово – Теута Арифи и во Арачиново – Ридван Ибрахими.
Кандидатот за општина Долнени ќе биде одреден наредните денови, а носител на листата на советници на град Скопје ќе биде Ардијан Муча.
Ново на Сител
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
-

Како да добиете обештетување доколку имате штети од невремето во вторникот?
-

Недоволна наплата на даноци: Општините пропуштиле милионски приходи
-

„Сувото одлагалиште“ ја заштитува средината - светски експерти го поздравуваат рударскиот метод кој е најавен и во проектот во Иловица
