ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
ДУИ бара сите пратеници да добијат безбедносен сертификат без никакви проверки од службите, со самото тоа што добиле мандат. Измена се прави само во еден член од Законот за класифицирани податоци каде што покрај претседателот на Собранието кој добива безбедносен сертификат по функција, сега се додава такво право да стекнат и сите 120 пратеници. Сепак, владејачкото мнозинство одби предлогот да биде ставен на седница.
Причина за поднесувањето на измените, како што пишува во образложението, е да се направело усогласување со земји од ЕУ, како што е Словенија, каде пратениците без безбедносни проверки треба да добијат сертифакт од моментот на стапување на функцијата, па се додека им трае мандатот. Интегратицвите на Ахмети сметаат дека ако не добијат ваков безбедносен сертификат им се крателе нивните права.
„Имено, пратениците се народни изабраници, со можност на одлучување за сите државни законитости, вклучително и Устав и граници на државата, затоа нивното безбедносно оспорување би било спротивно со горенаведените права. Исто така, за брзото и ефикасно работење на Собранието, вклучително и работните тела на Собранието од областа на безбедноста, потребдно е да нема попречување на работата со немањето на Сертификат или чекање на одговор за истиот, што е пак спротивно со правата на пратениците“, пишува во образложението.
К.Н.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25