Дудуш: Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, го осуди инцидентот што се случи пред два дена во оваа општина, во кој е повреден градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, и побара МВР да се остави да ја заврши истрагата.
„Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво. Затоа јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, не дозволувајќи настанот што се случи да поттикне натамошни тензии и инциденти“, се наведува во соопштението.
„Бидејќи не бев присутен на настанот, не сум во можност да дадам објективна слика и детали за настанот, но верувам во работата на институциите и во интерес на истрагата нема да излегувам со детали кои ги имам слушнато од сведоци. Да оставиме институциите да си ја завршат професионално работата и за крајниот исход по завршување на истрагата ќе биде известена и целата јавност“, стои во пишаната изјава на Дудуш.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
