ДСЗИ истражува дали 25 годишниот беровчанец починал од сепса после погрешна интервенција на заб
На ден 26.08.2022 год од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб .
Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сеуште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот.
По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани.
Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп