ДСД: Санирана состојбата во студентскиот „Гоце Делчев“, во тек целосна реконструкција

Државниот студентски дом - Скопје по објавените информации во медиумите за урнат дел од плафон во ходник во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска соопшти дека веднаш е интервенирано и е извршена санација на настанатата состојба, за којашто, се наведува во соопштението, „има индиции дека е намерно предизвикана, односно се работи за свесно и намерно уништување на инвентарот“.
Од Државниот студентски дом потсетуваат дека поради дотраеноста на студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден пред повеќе од четири децении, а во насока на унапредување на студентскиот стандард и капацитетите за сместување на студентите, започна процесот на темелна реконструкција на сите објекти во состав на домот, со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.
- Реконструкцијата се реализира етапно, во неколку фази и согласно предвидената динамика во акцискиот план. Првата фаза, која подразбира темелна реконструкција на блокот Б од аспект на градежните активности е целосно завршена, а во меѓувреме во тек е и набавката на опрема. Овој објект во текот на ноември ќе биде пуштен во употреба. Потоа ќе следи реконструкција и на другите блокови, мензата и партерот, за што веќе е избрана фирма која ќе ги изработи проектните решенија. Целосната реконструкција се очекува да биде завршена во текот на 2017 година, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
