Држејќи се за раце: Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак
Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десетлетија, починаа во ист ден, и тоа откако болничарите ги поместиле нивните кревети еден до друг.
Џојс имала полни 97, а нејзиниот сопруг 96 години. Тие починаа во болницата Дарен Воли во англиското гратче Дартфорд.
Џојс и Френк се запознале уште како тинејџери, на 14 години, а се венчале пет години подоцна. Во брак биле 77 години. Имаа пет деца, 12 внуци, 10 правнуци и двајца чукунвнуци.
Во последните денови од својот живот, сопружниците биле болни и лежеле во посебни болнички оддели, но обајцата починале истиот ден кога персоналот одлучил тие своите последни мигови да ги минат заедно, држејќи се за раце.
- Персоналот беше извонреден. Не прашаа дали сакаме да ги спојат. Го доведоа татко ми на катот, за да можат да се држат за раце. Се беше над нашите очекувања, изјави нивната 75-годишна ќерка Ангела Бонел.
Брачната двојка Дод ќе бидат кремирани на 15 мај.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги