Државниот долг намален, Македонија петта најмалку задолжена земја во Европа

Со државен долг од 36,8 отсто Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа. Во првиот квартал од 2016 година државниот долг на Македонија бележи намалување од 38 отсто на 36,8 отсто, додека јавниот долг од 46,5 на 45 отсто, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Повеќе задолжени од Македонија се Данска, Шведска, Финска, Холандија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција и други развиени европски економии. Што се однесува до земјите од регионот тие имаат двојно и повеќе од двојно поголем долг во однос на Македонија.
Во однос на тврдењата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов дека се направени манипулации во пресметката на долгот од Министерството за финансии потсетуваат дека оваа методологија на пресметка врз база на проектиран БДП се користи од 2002 година, односно кога министер за финансии бил од Социјалдемократскиот сојуз. - Не е точно дека никаде не се користи таа методологија, туку е различно од земја до земја, се додава во соопштението.
Впрочем, како што истакнуваат од Министерството за финансии, на крајот од секоја година се врши усогласување на јавниот долг со остварената стапка на раст на БДП. Така беше и во 2015 година кога стапката на долгот беше намалена бидејки растот на БДП ги надмина очекувањата.
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
