-->
-->
Држави од ЕУ ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози вакцина на „АстраЗенека“
-->
Италија, Германија, Холандија и Франција ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози на потенцијалната вакцина на Aстра Зенека против Ковид-19 како дел од европски договор за гарантирање на набавка на лекови. Тоа го изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство во Рим.
– Четирите земји на ЕУ имаат можност да купат дополнителни 100 милиони дози, рече портпаролот.
За својот удел во договорот, Италија ќе плати околу 185 милиони евра за 75 милиони дози.
Паралелно, Германија ќе стекне удел во биотехнолошката компанија CureVac, која работи на вакцина против Ковид-19, објави денеска министерот за економија Питер Алтмејер. Германската Влада ќе се здобие со 23 проценти од компанијата за 300 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров