Државен удар во Мјанмар, војската ја презеде власта
Војската во Мјанмар изврши денеска државен удар против Владата на Анг Сан Су Чи, која е уапсена, на денот кога пратениците трабаа да се вратат во Парламентот, првпат по изборите кои се одржаа во ноември минатата година,а кои војската ги смета за нерегуларни.
Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.
Во видео обраќање кое е објавено на телевизијата, која е под контрола на војската, е истакнато дека власта му е предадена на главниот командант на оружените сили, генерал Мин Анг Хлаингу.
Рано изутринава војската ја упаси Анг Сан Су Чи, како и претседателот Вин Минта, потврди портпарол на Националната лига за демократија, партијата која победи на изборите, но тензиите се зголемија минатата недела.
Националната лига за демократија на многу популарната Анг Сан Су Чи, која веќе беше на власт, освои 83 отсто од 476 места во Парламентот, но војската тврди дека открила 10 милиони случаи на измами и побара од изборната комисија да ги објави изборните листи поради проверка.
Моментно не е познато како ќе се развива ситуацијата, а политичката криза не е единствениот проблем со кој се соочува Мјанмар. Во земјата се потврдени над 140.000 случаи на коронавирус, а доколку се организираат големи протести, веројатно вирусот ќе се прошири уште повеќе и дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден