Државен натпревар по информатика

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи 28. Државен натпревар по информатика, кој е дел од проектот „Млад програмер”.
На натпреварот ќе учествуваат вкупно 100 учесници од основно и средно образование, кои се избрани меѓу учесниците на регионалниот натпревар. Четворица најдобри ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се натпреваруваат учениците од средните училишта, додека учениците од основните училишта ќе се натпреваруваат во компјутерските лаборатории на долгогодишниот поддржувач на натпреварот „Семос Едукација“.
За поголема поддршка, искуство и вредност, на сите добитници на први, втори и трети места од секоја подгрупа, „Семос Едукација“ им доделува вредносни ваучери за бесплатна обука по нивен избор.
Организатори на натпреварот се Здружението на информатичари на Македонија и „Семос Едукација”, а поддржувачи ФИНКИ и Агенцијата за млади и спорт.
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
