Државен натпревар по информатика за ученици од средните и основните училишта
Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗДИ) денеска во Скопје се одржува 27-от Државен натпревар по информатика за ученици од средните и основните училишта во Република Македонија.
Натпреварот го отвори министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, при што истакна дека државниот натпревар по информатика е најквалитетниот натпревар кој во изминатите години се спроведува во Македонија, ако се суди, како што нагласи, по бројот на освоени медали на меѓународните натпревари и олимпијади.
- Со оглед на тоа што развивањето на капацитетите во областа на програмирањето е врвен приоритет на Владата и ако се има предвид дека овие млади луѓе се исклучително барани на меѓународниот и домашниот пазар на труд, ќе направиме напори со ЗДИ во следниот период да го зголемиме повеќекратно бројот на инженери кои што завршуваат на техничките факултети, рече Арсовска Томовска.
Таа додаде дека во последните години значително се зголемува бројот на компании коишто имаат потреба од ваков кадар.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески потсети дека Агенцијата втора година доделува парична награда за најдобрите.
- Агенцијата во континуитет продолжува да ги стимулира младите и талентирани програмери во Македонија, бидејќи самата позиција на програмер или информатичар е многу повикана и распространета на пазарот на трудот. Станува збор за една најсовремена и најплатена позиција на пазарот во Македонија, истакна Спасески.
Потенцира дека овие натпревари истовремено ќе претставуваат солидна основа за нивното натамошно студирање, но и за нивното вработување на пазарот на трудот. Информира дека за најдобрите четворица Агенцијата ќе додели по околу 40 илјади денари.
Според деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, средношколците кои се натпреваруваат на национално ниво помагаат, како што рече, подоцна ФИНКИ да има квалитетни студенти кои создаваат квалитетни компании и информатички производи кои ја промовираат Македонија во светот.
Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари од Македонија, појасни дека е многу значајно учениците од помлада возраст да работат на запознавање со програмирањето за да можат, како што рече, полесно да се справат со сите предизвици кои им доаѓаат на факултет и да можат да израснат во квалитетни инженери по информатика.
- Здружението се залага и успеа информатиката да влезе во средното и основно образование како задолжително. Сега веќе имаме задолжително програмирање во средното образование, а од оваа година започнавме и со основи на програмирањето уште во трето одделение, истакна Јованов.
На овогодинашниот натпревар по информатика, кој е дел од проектот „Најдобар млад програмер“, ќе учествуваат најдобрите 102 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот регионален натпревар. Четворицата најдобри ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво. Натпреварот се одржува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала