Македонија
20. November 2015 - 8:45

Државен натпревар на трактористи

Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Карбинци ќе се одржи Државен натпревар на трактористи.

Ќе учествуваат најдобрите орачи од натпреварите одржани на општинско ниво, Здружението на средните земјоделски училишта во Македонија и други земјоделски училишта, трактористи од разни земјоделски стопанства,...

Натпреварите се во четири категории: тешка, лесна, лесна младинци и ученици од средните земјоделски училишта, како и младинки и жени.