-->
-->
Државен натпревар на трактористи во Пехчево
-->
Педесет и тројца трактористи од цела Македонија денеска ги одмеруваа своите вештини во орање на 57 Државен натпревар на трактористи кој се одржа на месноста Св.Петка во Пехчево. Натпреварот е во организација на Сојузот за техничка култура во стопанството на Република Македонија и Народна техника на Република Македонија.
Ордан Кузмановски, претстедател на ОО на Народна техника истакна дека од победниците од сите натпревари, каде се натпреваруваат трактористи од сите региони на државава ќе се изберат двајца претставници кои идната година ќе учествуваат на светскиот натпревар што ќе се одржи во Кенија.
- Денеска сме во Пехчево бидејќи нашата цел е да направиме добра традиција во сите градови во Македонија и да ја доближиме оваа манифестација на цела територија. Натпреварот има псоебни пропозиции согласно критериумите за светското првенство, а денеска одиме на обичното орање, отворање на права бразда. Натпреварувачите се натпреваруваат поделени во повеќе категории, рече Кузмановски.
Пехчев е за прв пат домаќин на еден ваков натпревар, потенцираше градоначалникот Игор Поповски.
- За Пехчево ова е добар момент, посебно за нашите змејоделци кои ќе имаат можност да се зпаознаат со нови технкини, тука имаме и презентација на нови машини, но најважно е тоа што ќе се сретнат земјоделци од различни регони, ќе разменат искуства, истакна Поповски.
На натпреварот учествуваше и еден од најискусните трактористи, Тимко Чаушки од беровско Владимирово.
- Со земјоделство се занимавам 40 години и исто толку време одам по натпревари. Досега имам освојувано многу награди, како прво место во Македонија, второ во Југославија, а сум бил и на европски натпревар. Она што е најважно е да се направи чиста бразда и трактористот од каде што влегол од таа страна треба и да излези, рече Чаушки.
Маниефстацијата започна со презентација на нова земјоделска механизација и културно-уметничка програма организирана од Општина Пехчево.
Инаку, Македонија ќе биде домаќин на светско првенство на трактористи во 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола