Државен инспекторат за земјоделство: Бавно тече откупот на тутунот, потребни се законски измени
Од почетокот на откупната кампања се преземени над 6 000 тони тутун по цена од 330 денари за килограм. Тоа е малку и откупот се одвива бавно, констатираат од Државниот инспекторат за земјоделство.
-Досега се откупени преку 6 000 тони тутун. Нема пријавено некои неправилности. Има некакви дојави, но немаме официјална пријава. Но, на теренот сѐ ќе провериме. Откупот се одвива со бавно темпо, но ќе видиме. Сакам да ги повикам откупните компании да го следат примерот на Владата која најави зголемување на субвенциите за над 25 отсто, така што да го направат тој чекор поскоро и да заврши оваа голгота на тутунопроизводителите и да почнат што поскоро да се подготвуваат за новата, годинашнава реколта тутун, вели Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.
Годинашната реколта се проценува од 13.000 до 15.000 тони што е речиси половина од претходните години.
Станкоски смета дека се неопходни измени во Законот за тутун за регулирање на производството и преработката, како и за правата на тутунарите.
- Законот е стар неколку години, сега има нови моменти во производството и во преработката, време е да се преговара за нови правила во процесот. Тутунопроизводството е многу значајна и индустриска и гранка во земјоделското производство. Затоа мислам дека од компаниите треба да има посериозен пристап. Има одредби во законот кои се покажаа проблематични, како во класите на тутун, така и во договарањето на цените, заштитата на тутунарите, нивните права. Сето тоа бара поширока дебата на заинтересираните страни, смета Станкоски.
Бавниот процес на откупот на тутунот е најизразен во Прилепскиот регион, кој е и најголем производствен на тутун. Законскиот рок за откуп е до крајот на февруари.
Ново на Сител
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!
-
Преглед на вестите од свет