Македонија
13. February 2020 - 15:55

Државен архив: Лицето одговорно за јавни набавки призна вина

По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна техничка грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули. Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби, промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 (триста милиони).

-Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење, изјави директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески.

Вкупниот буџет на Државниот архив е околу 2,5 милиони евра, така што не може за кетеринг да се има 6 милиони евра.

Граѓаните треба критички да ги примаат информациите на јавните мрежи,  бидејќи веста за 6 милиони евра за кетеринг е нелогична.