Бизнис
13. September 2021 - 16:48

Државата тврди дека енергетска криза нема да има

Енергетска криза нема да има, тврди  министерот  Бектеши. И поркај тоа што цената на струјата на светските берзи има сериозен раст,  а потрошувачката во следниот период  ќе расте, Бектеши  тврди дека системот е стабилем, ЕСМ веќе работи  на зголемување на  капацитети. Според последните податоци на  берзите,  цената на струјата во месецов достигна  120 евра за мегават  или  пораснала повеќе  од двојно во споредба со јануари.

И од енергетските компании велат дека поради ваквите  цени дел од фирмите со кои имаaт  склучено договори за да ги покриваат  загубите,  не се во можност истиот да го испочитуваат. Сепак од  Мепсо велат дека пазарот на струја засега е стабилен но мора да се следи.   

На  енертетскиот форум премиерот Заев рече дека приоритет на владата се инвестициите во обновливи извори на енергија.

Инаку  Бектеши посочи и дека во следниот  период ќе се одлучува кои категории граѓани ќе добијат државна помош за да ги плќаат сметките за струја. Ова беше  предлог на  РКЕ со кои побараа државата да ја прошири листата на ранливи категории кои ќе бидат субвенционирани од државата.