Бизнис
8. January 2016 - 19:53
Државата нуди до 10 илјади евра помош за старт на земјоделски бизнис
Младите земјоделци може да добијат до 10 илјади евра неповратна финансиска поддршка од државата за реализација на бизнис идеја. Огласот ќе се распише во текот на месецов и за оваа намена превдидени се милион евра за земјоделци од 18 до 40 годишна возраст кои ќе изработат тригодишен бизнис план за воспоставување или преземање на земјоделско стопанство.
- Деловните планови треба да ги достават до платежната агенција по што таа ќе ги оцени и ќе одобри средства за најдобрите. Лани преку мерката беа одобрени деловни планови на 134 млади лица од сите региони во државата, со вкупна вредност на поддршката од 1,2 милиони евра што претставува гаранција дека младите земјоделци можат да дојдат до средства за остварување на бизнис идеја и самовработувања или вработување на други лица, вели Александар Ѓоргиев, портпарол на владата.
Се очекува со овие средства да се финансираат околку 100 нови бизниси во земјоделството. Поддршката се исплаќа по реализираните инвестиции, согласно деловниот план, во период од една до три години.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
