Државата на бзинис заедницата и обезбеди 450 капацитети
Над 450 капацитети за браунфилд инвестиции има на располагање бизнис заедницата. Владата преку Агенцијата за странски инвестиции овозможува непосреден увид во поранешни стопански капацитети кои заинтерсираните инвеститори може да ги рестартираат или пак во нив да започнат нов бизнис.
Секое физичко или правно лице од земјава и странство може да се запознае со потенцијалите на стотици од поранешните капацитети преку специјализираната интернет страница. Објектите се достапни за купување и закуп од страна.
На инвеститорите им се достапни и туристички комплекси кои порано биле функционални и кои со определена инвестиција може да се рестартираат.
Покрај стопанските и туристичките капацитети, на интеренет страната се поставени и земјиштата кои може да се користат за земјоделско производство. Со сопствениците мое директно да се контактира или да се орнагизнира посета на локациите од страна на агенцијата.
На страницата, која како што велат од владата, е посетена од голем број странски компании, секој може и да понуди стопански објект на продажба или закуп.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
