Државата инкасираше околу шест милиони евра преку продажба на 84 деловни простории
Објектите досега се понудени на електронски аукции во два наврати. Во првиот пакет се продадоа 42 од 91 понудени објекти за вкупна сума од 3 милиони и 587 илјади евра.
Во вториот пакет се продадоа уште 42 од вкупно понудени 100 деловни простории за сума од 2 милиони 327 илјади евра.
Од министерството за транспорт и врски велат дека во план е деловните објекти во сопственост на државата на трет оглас да се понудат на продажба по изборите во април.
Се работи за канцеларии и друг вид деловен простор во 19 македонски градови и кои главно беа дадени под закуп во приватниот сектор.
Како што тогаш образложија од владата, можноста да се купат било и барање на фирмите со цел да ги намалат трошоците за кирии.
Намерата е на продажба да се понудат над 1000 деловни простории во сопственост на државата.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
