Дрвокрадците немаа милост, газат полицајци пред себе

На 14. овој месец полициски службеници движејќи се со службено возило од Прилеп кон Росоман, кај с. Беловодица забележале патничко моторно возило „Ауди“ натоварено со огревни дрва.
По ова, истите се обиделе да го сопрат давајќи му светлосно звучни сигнали. Кога службеното возило се доближило до другото возило, возачот од патничкото возило „Ауди“ го удрил службеното возило
во крилото по што ги исфрлил од коловозната лента.
Од ударот на службеното возило било предизвикано оштетување.
Веднаш потоа и возилото „Ауди“ застанало, а возачот се дал во бегство. По кратко време истиот бил фатен и бил утврден неговиот идентитет.
Станува збор за А.П. (39) од Прилеп, кој бил приведен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Сличен случај е забележан на 10. минатиот месец шумски полицајци, движејќи се по патот кон Вештачкото езеро во близина на гарнизонот „Мирче Ацев“, забележале две лица од Прилеп како превезуваат огревни дрва со две возила.
Истите направиле обид да ги легитимираат, и во тој момент Џ.Ќ. со возилото тргнал кон едниот полициски службеник со цел да го прегази, заканувајќи му се по животот. Во текот на дејствието започнала да се собира поголема група на луѓе поради што полициските службеници процениле дека доколку продолжат со службените дејствија ќе биде загрозена нивната безбедност, по што се повлекле од местото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
