Дрвокрадци од Прилеп намерно се судриле во возило на Шумска полиција

Група дрвокрадци синоќа во Прилеп намерно предизвикале судир со службено возило на Шумската полиција во обид да избегаат од местото на настанот.
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, потврди дека инцидентот завршил со приведување на две лица на самото место, додека по други две лица, кои се веќе идентификувани, се трага.
Возилата што ги користеле сторителите, како и бесправно исеченото огревно дрво, се одземени и предадени во подружницата „Црн Бор“ – Прилеп. Увид на местото извршила екипа на МВР доцна во ноќта.
„Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството. Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе“, објави Михаилов.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
