Друштвото Преспа: Во Албанија етнички Бугари нема
Друштвото Преспа протестира пред Претседателот, Собранието и пред Владата на Албанија, бидејќи, како што вели, подлегнало на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впише „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението.
Друштвото Преспа упатува остри критики кон општинската управа на Пустец, чиј градоначалник во последниот и актуелниот мандат бил сервилен кон бугарската пропаганда и за бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знаечп дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија.
Друштвото Преспа за несоодветна ја смета реакцијата и на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, која како дел од коалицијата на општинската власт, за повеќето настани со „Бугарите“, партиципира со свои вработени во општинската администрација и советници во Советот на општината Пустец. Имено, тие не го одвратиле градоначалникот од прием на гости од бугарската амбасада во Тирана, на бугарската фондација „Бугарска памет“ и владата во Софија, како и прифаќањето на материјална помош за општината, иако се знаело дека Бугарија тоа го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се „Бугари“.
Друштвото Преспа бара Европската Унија да преземе мерки против Република Бугарија, која врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари по потекло“.
Друштво Преспа најавува дека ќе организира неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го стори Грчката заедница во Албанија.
Друштвото бара македонската влада да протестира поради фалсификуваниот попис во Албанија, отфрлен дури и од албанската опозиција и да преземе конкретни мерки според уставната грижа за Македонците во соседните држави на државата Македонија.
Друштво Преспа бара одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможило бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот, со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија.
Инаку, претставници на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, денеска на презентирањето на пописните резултати, демонстративно ја напуштиле презентацијата на пописните резултати во Торана, откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стои име на државата Северна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.
Според претставници на Македонците кои биле присутни на презентацијата, директорката на ИНСТАТ на забелешката рекла дека е тоа име на државата, но на дополнителната забелешката дека сите малцинства имаат матична држава, а се напишани она што се модераторот не дозволил одговор, по што претставниците Спахиу и Костофски демонстративно ја напуштиле салата.
Претставниците на Македонците дополнително за МИА информираа дека се очекува Амбасадата да реагира до Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, а како известување допис да биде доставен до сите амбасади и мисии во Тирана.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење