-->
-->
Друловиќу, кај ти е одбраната?!
-->

Дел од македонската фудбалска јавност со внимание ги следи изданијата на ФК Партизан на чие чело застана поранешниот селектор на нашата репрезентација Љубинко Друловиќ.
По стартната победа црно-белите веднаш разочараа во вториот меч на Друловиќ на тренерската клупа одигрувајќи нерешено против Младост.
Српските медиуми во своите анализи со право се прашуваат каде е одбраната на Партизан која на овие два меча прими дури 4 погодоци.
Зачудува овој факт ако се знае дека со Македонија Друловиќ играше цврсто во одбраната и примивме само еден гол од една Шпанија, одигравме 0-0 на гости со Белорусија итн.
Бразилецот Фабрисио Дорнелас, клучно појачување во одбраната, Милош Остојуќ, Грегор Балажиќ, Лазар Чирковиќ, ниту еден од нив не е на потребното ниво за добра дефанзива.
Затоа навивачите се загрижени бидејќи одиграни се две третини од првенството во есенскиот дел во Србија а Партизан заостанува дури 16 бодови зад Ц. Звезда а го очекуваат плус три тешки мечеви во Лига Европа за пласман во пролетниот дел од ова натпреварување. Плус тоа далеку е јануарскиот преоден рок.
Којзнае можеби Друловиќ ќе се сети да купи некој од нашите одлични дефанзивци како Шиков, Мојсов, може и Жута.....итн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
