-->
-->
Друловиќ очекува тешка квалификациска група за СП!
-->
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ, во интервју за весникот Blic, во пресрет на жрепката за квалификациските групи за пласман на Светското првенство во 2018 година, рекол дека во тој циклус ’црвено-жолтите’ ќе имаат тешка задача, бидејќи противниците ќе ги чекаат од претпоследниот, петти барабан.
„Има тука доста работа, загубивме со 2:1 од Словачка која е една од подобрите европски репрезентации. Одигравме добро во второто полувреме, допрва треба да ја створиме базата, пред нас е жрепката за Мундијалот. Тука не очекуваат тешки противници, во петтиот барабан сме и ќе ни биде треба и малку среќа. Македонците се реални во барањата и прогнозите, ќе се обидеме да ја прескокнеме Белорусија до крајот на квалификациите. Жалам што екипата ја презедов на половина од квалификацискиот циклус кога ги загубивме шансите за пласман на ЕП, сега преостанува да одиграме што е можно подобро“, рекол Друловиќ.
Извлекувањето на квалификациските групи за Мундијалот во 2018 година ќе се одржи на 25.јули.
Македонија во квалификациската група Ц се наоѓа на претпоследното место со само една победа и пет порази. До крајот на циклусот Друловиќ и неговите избранци ќе играат во Луксембург (5.септември), против Шпанија во Скопје (8.септември) и Украина (9.октомври) и во Белорусија (12.септември).

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
