Фудбал
15. October 2015 - 13:39

Друловиќ нов тренер на Партизан

 

 
Љубинко Друловиќ ќе биде новиот тренер на белградски Партизан, пренесуваат српските медиуми.
 
Според пишувањето на „Политика’’, актуелниот селекторот на фудбалска репрезентација на Македонија, ќе биде назначен за прв стратег на црно-белите. 
 
 
Управниот одбор на ФК Партизан, денеска ја прифатил оставката на досегашниот стратег, Зоран Милинковиќ, поради лошите резултати во домашното првенство и експресно го именува селекторот на Македонија за негов наследник.
 
Дали, Србинот ќе остане и селектор на Македонија, засега нема официјална информации од Фудбалската федерација на Македонија.