-->
-->
Друловиќ: Да се избегне последното место во групата
-->
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ денеска го соопшти списокот на играчи за последните две квалификациски средби со Украина и Белорусија што ќе се одиграат на 09.10 и 11.10 во Скопје и Минск. Повратници во тимот се Тричковски и Алими додека ново име е голманот Давид Митов Нилсен од шведскиот Норчепинг. Според Друловиќ најважно е да се одигра добро против Украина и да се освојат бодови со кои би се избегнало последното место во групата а потоа во Белорусија се отвора можност во директен меч да се игра за третото место.
А-репрезентација
Голмани: Томе Пачовски - Вардар, Столе Димитриевски- Гранада и новајлијата Давид Митов Нилсен- Норчепинг.
Одбрана: Даниел Мојсов- Адана, Ванчо Шиков-Австрија Виена, Кире Ристевски-Работнички, Владица Брдаровски-Вардар, Леонард Жута-Ријека, Стефан Ристовски-Ријека, Мите Цикарски-Цикарски.
Среден ред: Милован Петровиќ-Работнички, Аријан Адеми-Динамо Загреб, Арменд АлимиШкендија , Никола Глигоров- Вардар, Ферхан Хасани-Шкендија, Стефан Ашковски-Нови Пазар, Бесарт Абдурахими-Локерен, Александар Трајковски-Палермо, Агим Ибраими-Марибор.
Напад: Баже Илијоски-Работнички, Иван Тричковски-Легија Варшава, Мирко Ивановски-Видеотон.
Собирот на репрезентативците е на 5-ти октомври во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
