Џет-Сет
10. September 2015 - 13:52

Дру Баримор била зависник од кокаин на само 13 години

Американската актерка Дру Баримор првиот успешен филм го сними на само 7 години, кога се појави во филмот на Спилберг „Е.Т.“, а сега откри дека мрачната страна од славата ја искусила на 13 години кога станала зависник од кокаин.
- Направив многу грешки и би сакала да можам да ги избришам и сосема да го изменам моето минато, изјавила Дру.
 
Но, славната актерка смета дека сепак имала среќа.
 
- Мило ми е единствено тоа што експериментирав пред Интернетот, инаку за сите мои гревови ќе се дознаеше веднаш, вели Дру.