Живот
21. February 2018 - 11:45

Дрски банкари исфрлиле дедо на улица, а потоа полицаецот направил нешто што ги оставило без текст

Кога еден постар човек дошол во банка, банкарите наместо да го услужат, одлучиле да го исфрлат од банката, во која бил верен клиент.

А како сол на рана – повикале полиција да дојде и да го уапси старецот.

Но, кога на местото дошол полицаецот, го направил она што требало – го услужил стариот човек и му помогнал да ја заврши важната трансакција.

Полицаецот Роберт Џосет го сослушал 92-годишникот, кој само сакал да подигне пари кои ги ставил на банка. Банкарите не сакале да го услужат, иако со години бил верен клиент, затоа што му истекла личната карта.

Бил вознемирен бидејќи му требале пари, кои ги заработил со напорна работа.

Тогаш полицаецот одлучил да постапи исправно и го одвел во Службата за издавање лични карти, како би извадил нова лична карта, а потоа побрзал во банка пред да ја затворат.

Овој пат, 92-годишникот влегол во банката со полициска придружба. Полицаецот сакал да биде сигурен дека кон старецот ќе се однесуваат со почит, па не го оставил сам додека не ги добил своите пари.

– Овој полицаец е светец! Сè што сакаше дедото беше да ја задржи својата независност. А полицаецот му помогна на достоинствен начин. Добро сработено, полицаецу! – напишал корисникот кој ја споделил фотографијата.

Лесно е да ги игнорираме молбите на другите луѓе, но кога ќе ги слушнеме, имаме моќ да ги промениме нивните животи на подобро – иако можеби не ни се чини така во тој момент.

Затоа, кога ќе забележите дека на некој му е потребна помош – укажете му ја! Никогаш не знаете колку тоа може да промени нечиј живот.