Балкан
27. November 2019 - 23:08

Дронот сними застрашувачки снимки: Во Драч како да имало војна, еве што остана од градот

Драч е најтешко погодениот албански град од разорниот земјотрес од 6,4 степени, а снимките направени со дрон покажуваат колкава е штетата.

Бројот на жртвите порасна на 32, но не се знае точниот број ан исчезнати.

Спасувачките тимови со сите сили трагаат по луѓето кои се затрупани во рушевините.

Сите станбени блокови, дури и оние највисоките изградени по 90-тите, во голем дел немаат потпорни ѕидови, се одружуваат со структура на столбови, изјави премиерот Еди Рама.

Додаде дека куќите генерално се дизајнирани и изградени така што можат да издржат силен земјотрес, со јачина од шест или седум степени по Рихтерова скала.

И покрај тресењето и страшното чувство од земјотресот, вистинската опасност е далеку, истакна Рама.