Дронот кој се урна во Загреб носел авиобомба
Воениот дрон кој се сруши во Загреб на себе носел бомба, а истрагата упатува на тоа дека беспилотното летало не било во извидувачка мисија, вели хрватскиот министер за одбрана.
Акцијата на извлекување на објектот е завршена, а пронајдена е и црната кутија од која се очекуваат информации за летот на дронот. Тој можел да долета и од руска, но и од украинска територија, информираше министерот.
Деловите од авионската бомба се од руско производство, а истрагата треба да утврди од каков тип е, какво експлозивно полнење имала и какви биле шансите да се активира при самиот пад.
„Покрај црната кутија пронајдовме и траги од експлозив, но и елементи кои упатуваат на тоа дека леталото не било во извидничка мисија како што мислевме на почекот...бидејќи на ова летало најдовме делови од авиобомба”
Првичните наоди од истрагата се дека дронот кој е произведен во 70-тите години бил модифициран со цел да може на себе да ноди експлозивна направа.
Министерот не сакаше да шпекулира дали станува збор за напад на Хрватска или на НАТО. Вели дека не се задоволни од начинот на кој реагирала Алијансата и соседните земји од каде што долетало 14-метарското летало.
„Во среда ќе има вондреден НАТО состанок на ниво на министри на кој ќе разговараме на оваа тема, но и за пропустите во Романија и во Унгарија. На тој начин е дојдено до оваа ситуација, навреме да е детектрана во соседните земји денеска немаше да бидеме тука. Вака ќе комуницираме и ќе бараме одговори како е дојдено до овој пропуст”
Во меѓувреме се одвива интензивна комуникација со унгарските и романските власти за инцидентот, а како што рече хрватскиот министер, наредната недела ова ќе биде главна тема и на средбата со сите НАТО сојузници.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
