Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
Напад со беспилотно летало врз конвој на Обединетите нации ги запали и уништи сите 16 камиони што носеа храна во северен Дарфур во Судан, погоден од глад, соопштија вечерва Обединетите нации.
Според портпаролот на ОН, сите возачи на конвојот на WFP и помошниот персонал се безбедни.
Не е познато кој е напаѓачот, објавија ОН.
Ова е втор ваков напад во последните три месеци, извршен со намера да се спречи конвој на ОН да достави храна во Северен Дарфур.
Во јуни беше нападнат конвој на Светската програма за храна и УНИЦЕФ, при што загинаа пет лица, а неколку други беа повредени.
Судан е во граѓанска војна од 2023 година. Од едната страна е армијата, од другата паравоените Сили за брза поддршка, а во граѓанската војна досега загинаа 40.000 лица, додека 13 милиони се избегани и раселени. ОН наведува дека околу 25 милиони лица се изложени на ризик од акутен глад.
МИА
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава