Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
Напад со беспилотно летало врз конвој на Обединетите нации ги запали и уништи сите 16 камиони што носеа храна во северен Дарфур во Судан, погоден од глад, соопштија вечерва Обединетите нации.
Според портпаролот на ОН, сите возачи на конвојот на WFP и помошниот персонал се безбедни.
Не е познато кој е напаѓачот, објавија ОН.
Ова е втор ваков напад во последните три месеци, извршен со намера да се спречи конвој на ОН да достави храна во Северен Дарфур.
Во јуни беше нападнат конвој на Светската програма за храна и УНИЦЕФ, при што загинаа пет лица, а неколку други беа повредени.
Судан е во граѓанска војна од 2023 година. Од едната страна е армијата, од другата паравоените Сили за брза поддршка, а во граѓанската војна досега загинаа 40.000 лица, додека 13 милиони се избегани и раселени. ОН наведува дека околу 25 милиони лица се изложени на ризик од акутен глад.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025