Дрогата ја фрлиле од прозорец - полицијата бркаше дилери по скопските улици
Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица.
Осомничените, македонски државјани, заедно со НН лице неовластено организирале и заради продажба купиле, држеле и пренесувале наркотична дрога – марихуана.
Во текот на вчерашниот ден осомничените по претходен договор организирале пренесување на дрогата до с. Царев Двор со ПМВ марка Мерцедес Е класа управувано од непознато лице. Осомничените како возач и совозач на ТМВ марка Мерцедес Вито биле претходница на возилото во кое се пренесувала дрогата. На светлосна и звучна сигнализација од страна на полициските службеници, возилата наместо да застанат ја зголемиле брзината. Осомничените по некое време го запреле ТМВ, излегле и се дале во бегство но, набргу биле совладани и лишени од слобода. Возачот на ПМВ бегајќи со возилото ја исфрлил дрогата покрај патот и со голема брзина успеал да избега на полициските службеници.
По пребарување на теренот пронајдени се две патни торби со наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од 20.040,02 грама марихуана.
Поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата го прифати предлогот и со Решение им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори