Балкан
3. јуни 2017 - 13:04

Дрога, оружје и човечки органи додека српски војник силува Албанка во центарот на Белград

Дрога, оружје и човечки органи изложени во центарот на Белград пред Домот на младите. За среќа, се работи за реплики, поставени во рамки на протестите против одржувањето на фестивалот „Мердита – добар ден“ во Домот на младите.

На штандовите биле поставени и маици со амблеми на УЧК, а зад штандовите стоеле мажи со фантомки. Членови на српскиот собор „Заветници“ го прекинаа перформансот во Домот на младите на фестивалот „Мердита – добар ден“.

Неколкумина успеале да влезат во салата во која се прикажувал перформанс кој алудира на силување Албанки од страна на српски војник и искажале протест против големоалбанската пропаганда во Белград.

„Заветници“ го искажале својот протест пеејќи песни за Косово и Метохија, држејќи слики од злосторници и злосторства на УЧК и скадирале „Косово е срцето на Србија“, по што перформаност бил прекинат, а организаторите и гостите се повлекле во друг дел од Домот.