Балкан
8. February 2017 - 17:46

Дритон Гаши - нов шеф на косовската разузнавачка служба

Врз основа на уставните надлежности, косовскиот претседател Хашим Тачи во консултација со премиерот Иса Мустафа, за нов шеф на косовската разузнавачка служба го наименува Дритон Гаши.

Четириесет-годишниот Гаши доаѓа од местото генерален секретар на Министертвото за внатрешни работи.

Роден во Приштина, каде диопломирал на Факултетот за политички науки, а магистрирал на Универзитетот на ЈИЕ во Македонија, од истата сфера.

Во неговиот работен век бил висок функционер во Владата и Парламентот, потоа заменик директор во центарот за политички студии, како и во министерството за внатрешни работи.

Претходно шеф на косовската разузнавачка служба беше Агрон Селимај, кој поднесе оставка на крајот на јануари.

Пред денешното наименвање на Гаши, најчесто споменувани имиња за оваа функција беа поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага, актуелниот косовски амбасадор во Македонија Илбер Хиса и поранешниот советник на министерот за внатрешни работи Фисник Реџепи.