Балкан
11. August 2016 - 14:43

Дрина го носела 15 километри: Пронајдено телото на исчезнатиот скокач

Пронајдено телото на 34 годишниот Словенец Андреј Беуч после 4 дена, дури 15 километри северно од Зворник во подрачјето Козлук.

Од ЦЈБ Бијелина е соопштено дека во коритот на раката Дрина во Козлук, денеска околу 11:20 часот, е пронајдено тело, и дека полицајците излегле на лице место.

„Во тек е идентификација на лицето, за да се утврди дали станува збор за Андреј Беуч, кој исчезна на 7 август после скок од мост на Дрина“, стои во полициското соопштение.

Според неофицијалните информации, нуркачите извлекле тело на маж од реката Дрина во купаќи, а првите информации потврдуваат дека најверојатно станува збор за Беуч.

Местото Козлук се наоѓа на околу 15 километри далеку од мостот во Зворник.

За реката Дрина велат дека е брза и немилосрда, посебно во планинските предели каде има кањони и проаѓа низ клисури.

И понатаму постои мистеријата што го натерало искусниот скокач да потоне и да го изгуби.