Древна сириска населба од византиската епоха оштетена и oграбена
Споменици од византиската епоха во древната населба Ал Бара во северозападна Сирија, биле сериозно оштетени од артилериско оружје и разграбени, соопшти сириската служба за заштита на антиката, јави ДПА.
Снимки, објавени од Сирискиот оддел за антички наоѓалишта и музеи покажуваат дека се оштетени гробници со пирамидални покриви во населбата Ал Бара. Има разурнати саркофази.
- Сметаме дека зад ваквите акти во населбата Ал Бара во Џабар ал Завија стојат претежно шверцери, изјави Маамун Абдулкарим, главен директор на Одделот.
Според информација на Одделот за антички наоѓалишта и музеи, древниот градежен материјал бил изваден со цел да се искористи за незаконски градења во близина.
При уривањето очигледно се употребени експлозиви и тешки машини. Саркофазите биле намерно вандализирани, додаде Одделот.
Според УНЕСКО, населбите даваат исклучителна можност да научиме повеќе за начинот на живот во населбите од доцниот византиски период. Многу археолошки објекти беа оштетени при четиригодишниот конфликт во Сирија. Главни храмови, гробници, триумфалната порта на древниот град Палмира, најпознатиот монументален комплекс на земјата, беа кренати во воздух од екстремисти на ИД, по преземањето на градот во мај годинава.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување